Според податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи, во моментов има 17.381 странци кои работат во туризмот, а најголем дел работни дозволи се издадени на лица од БиХ.

Оваа сезона дури 6.262 Босанци се вработени во хрватскиот туризам.

Следат државјани на Србија со 5.982 дозволи и на Македонија со 2.791 дозвола.

Во туризмот на Хрватска легално се вработени  553 косовски државјани, 432 украински државјани, 247 црногорски државјани, 227 албански државјани, 121 тајландски државјани и 117 индиски државјани.

Бројот на странски работници во Хрватска е многу поголем од бројот на издадени работни дозволи, јавуваат хрватски медиуми