Шпанскиот фудбалски шампион Барселона го победи калчолигашот Наполи со 2:1 во пријателски натпревар одигран ноќеска во Мајами, САД.

Головите во Каталонците ги постигнаа Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс. Единствениот гол во мрежата на Барселона беше автоголот на Самуел Умитити.

Двете екипи за време на турнејата на американскиот континент ќе одиграат уште еден меѓусебен пријателски натпревар. Овој меч е закажан за ноќта меѓу 10 и 11 август.