Фудбалерот од средниот ред Марио Геце е во преговори со бундеслигашот Борусија Дортмунд за обновување на договорот.

Сегашниот договор на 27-годишниот Германец има важност уште една година.

Претходно се појавија информации во медиумите дека Арсенал сакал да го ангажира Геце ова лето.

Геце кариерата ја започна во Борусија во 2009 година, од 2013 беше дел од Баерн Минхен каде остана три години, по се врати во Дортмунд.