Дарко ЈАНЕВСКИ
Како што се гледа од документите објавени во книгата чија нсловна подоле ја објавуваме, Битола во 1468 година имала 470 домаќинства со 2 350 жители од кои 1 475 биле муслимани, а 875 христијани. Тоа е начинот на кој Османското царство водело евиденција, според припадност кон одредена религија.
Тој систем, т.н. милет, се задржал и до 19 и почетокот на 20 век. Со тоа што, тогаш христијаните почнале христијаните да ги двојат во зависност од тоа дали припаѓаат на грчката, бугарската или српската црква, откако султанот не дозволил возобновување на Охридската архиепископија, по интервенција на рускиот цар, кај кого пак претходно ургирале Бугарите. Оттука и т.н. бугарско национално чувство на кое се повикува бугарската држава за Македонците во тој период.
Но, овие документи се доказ дека тиј систем не го измислеле македонските историчари, туку постои откако Османското царство завладеало со Балканот.
Во 1520 година, значи половина век подоцна, Битола имала само 300-тини жители повеќе, односно 2 645. Значи не повеќе од едно поголемо село. Веројатно со врски, неколку века подоцна Битола станала град на конзулите, за разлика од Скопје, кое отсекогаш било град но со селани, како и денес.
Ако ја оставиме настрана погорната зајадливост и шега, објаснувањето за овој мал број на жители на Битола е дека при освојувањето на градот од Османлитте тој бил целосно уништен, а населението се разбегало. Враќањето, како што можете да видите, одело тешко и бавно.
Во периодот 1520-1539 година, во Битола биле избројани 840 домаќинства, веќе има и 34 еврејски (Евреите се бројат како посебна вера, а не како посебна националност), а од нив 3 200 жители биле муслимани, 855 христијани (за 20 помалку во однос на 1468 година) и 170 жители – Евреи.
Во 1569 година бројот на население веќе е зголемен на 5 715, но подлебата според верска припадност, а не според национална, останала: 3 505 муслимани, 785 христијани (помал број во однос на периодот пред 100 години) и 1 425 Евреи. Но системот е тој – верска припадност, врз основа на која подоцна, во 19 век била запишанувана и т.н. национална – па ако припаѓаш на бугарската црква – си Бугарин итн. Ете само еден од т.н. научна фундираност на бугарската историска теза за Македонците како Бугари.