Турските медиуми јавија дека еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрие Евџен, денес станаа родители. Фехрие, или позната по улогата на Неџла, се породи во 13.30 часот. Бебето се вика Каран.

-Таткото присуствувал на породувањето и не можел да ги сокрие солзите, пишуваат медиумите.

Малиот Каран е тежок 3.670 грама, а долг 52 сантиметри. Актерката се породи порано од предвидениот термин кој бил на 20-ти април.

Двојката актери била толку среќна што на синот му отвориле профил на Инстаграм, па затоа пред неговото раѓање го обелодениле неговото име. Така Каран имал 100.000 следбеници пред да дојде на овој свет.

Бурак има 12 милиони следбеници, но на многумина не им се допаднал овој потег бидејќи се карактеризирале како маркетинг за да привлече потенцијални реклами.
Сепак, познатиот турски актер се оправдувал дека тоа го направил за да го заштити од лажни профили што луѓето можеле да ги отворат откако се родило момчето. Со оглед на популарноста на актерската двојка во Турција многу е веројатно дека би се случило такво нешто.
Бурак веќе почнал да штеди и да мисли за иднината на својот син и отворил банкарска сметка од која Каран ќе може да земе милиони откако ќе наполни 18 години.