До скиентолошката црква и нејзиниот водич има и обвинувања за следење, нарушување на приватностa, предизвикување на емоционална болка, клевета итн.

Во тужбата се вели дека Скиентолошката црква презентира фасада за надворешниот свет, а всушност е култ изграден за да ги контролира и манипулира умовите на луѓето.

Инаку, црквата минува низ кризни мигови и членството е сè помало, а оваа тужба се смета дека е почетокот на крајот.

Некои ѕвезди како Том Круз постојано работат на промовирање на организацијата, вложуваат огромни пари во неа и ги истакнуваат нејзините позитивни страни. Тие молчат и не даваат изјави по повод оваа тужба.

Сепак, имаше многу гласини околу проблемите на неговата поранешна сопруга Кејти Холмс со оваа црква, поточно секта.

Останува да видиме дали оваа тужба конечно ќе го открие вистинското лице на контроверзната скиентолошка црква.