Поскапување од 130 отсто на струјата ќе плаќаат најголемите потрошувачи на струја од 1 јули, дознава ТВ Сител од извори вклучени во креирање на тарифите.
РКЕ денеска ги објави новите граници на блок тарифите според кои ќе се пресметува потрошувачката на струја.
Според новите рамки, првиот блок ќе ја опфаќа потрошувачката до 210 киловат час, вториот до 630, третиот до 1050, а четвртиот секоја потрошувачка над 1050 киловат часа. Дебатата е сѐ уште во тек.