Автопатот Кина-Пакистан од 880 километри е изграден во рекордни 36 месеци и сега е отворен за сообраќај. Чудо на 21 век!-гласи твитот на Насасира Арнолд.

Но, на Твитер има реплика со твит од Македонија:

– Ние, автопат Миладиновци-Штип, 47 километри (само) за 60 месеци!- твитна корисникот со псевдоним Аритмија.

И двата автопата ги граделе Кинези. Тоа значи дека не е проблемот до градителите, туку нешто друго, штом во Кина може чочек да одиграат по три години и завршени 880 км, а во Македонија треба да поминат пет години за чочек на автопатска делница од само 47 км.

(Д.Г.)