Лидерската средба заврши, а корисниците на социјалните мрежи отпочнаа да се забавуваат со договореното заминување на старата власт и новите избори.

Коментарите се најразлични. И по форма и по содржина. Некои само со една фотографија и еден збор, како овој на корисничката на Твитер со псевдоним Ханичка:

– ЗЗаминување!- објавува Ханичка коментар од еден збор и отворени лисици кои една до друга може да личат на буквите ЗЗ или на тие што се по нумерологијата на бројот 33.

Кој како милува така.