Полицијата уапси 26-годишен скопјанец во Карпош по претходни пријави за кражба на велосипеди.
Вчера во 17:30 часот во скопската населба Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц. (26) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“.
Како што информираат од полицијата, 26-годишникот бил уапсен по претходно пријавени случаи на одземање велосипеди.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




