Три лица вооружени со огнено оружје ограбиле спортска обложувалница во скопската општина Чаир, од каде со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет.
Според информациите од МВР, грабежот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. Тројцата сторители му се заканиле на вработениот со огнено оружје, по што ги зеле парите и побегнале.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




