Грчката полиција уапсила 65-годишен маж под сомнение дека е виновен за големиот пожар што минатата седмица избувна на островот Тасос, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, уапсениот се товари за подметнување пожар, а во неговиот автомобил бил откриен запалив материјал.
Се очекува во текот на денот, 65-годишниот да биде изведен пред јавен обвинител во Кавала.