Косовската полиција во соработка со македонската полиција денеска го привела Алил Демири, кој се криеше во Косово по грозоморниот чин што се случи кај Смилковско Езеро, објави ТВ Канал 5.

Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро.

Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.