Шефот на израелската дипломатија Израел Кац денеска во дипломатска нота го предупреди француското Министерство за надворешни работи за потенцијалната закана од тероризам.
Шефот на израелската дипломатија Израел Кац денеска во дипломатска нота го предупреди француското Министерство за надворешни работи за потенцијалната закана од тероризам и се заблагодари на француската влада за обезбедувањето дополнителна безбедност за заштита на израелските спортисти и туристи.
„Имаме разузнавачки информации кои укажуваат дека ирански оперативци и други терористички групи планираат да нападнат членови на израелската делегација и израелски туристи“, рече Кац.
Предупредувањето дојде откако полицијата во Франција уапси џихадист под сомнение дека планирал терористички напад на Олимпијадата.
Olympics terror fears: Iran ‘plans to target Israelis during the Paris Games’ it’s claimed as cops arrest ‘jihadist’ who also intended to carry out attack https://t.co/SRsNZa4itn
— JDVFLFedUpJewess (@freejdvfl) July 25, 2024
18-годишен џихадист е уапсен во регионот Жиронд, департман на крајниот запад на Франција. Уапсен е утрово, а полицијата кај него пронашла докази за џихадистичка идеологија.
Инспекторите потврдија за локалните медиуми дека тој е поврзан со друг маж, исто така 18-годишен, кој бил уапсен во вторникот. Двајцата комуницирале преку шифрирана мрежа за пораки. Тие напишале дека сакале да извршат напад за време на Олимписките игри.
Апсењето на џихадистот го потврди и Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи. Тој не кажа дали цел на нападот бил Париз или некој друг град во кој ќе се одржуваат натпреварите.
„Се уште работиме на случајот, избегнуваме да даваме детали, но има поврзаност“, рече министерот.
Предупредувањето од израелските власти дојде откако Иран го осуди приемот и заштитата на израелските спортисти за време на натпреварот во Париз, барајќи тие да бидат исфрлени од Олимпијадата поради војната во Појасот Газа.
„Да се објави прием и заштита на делегацијата на терористичкиот ционистички режим на апартхејдот е да се даде легитимитет на убијците на деца“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, додавајќи:
„Тие не заслужуваат да бидат на Олимпијадата во Париз поради војната против невиниот народ во Газа.“
Француските власти спречија неколку заговори за извршување напади за време на Олимпијадата, вклучително и апсење на руски заговор за „дестабилизација на Олимпијадата“ која трае до 11 август.
Тој беше обвинет дека извршувал разузнавачка работа по налог на странска земја со цел да предизвика непријателства во Франција. За ова дело е предвидена казна од 30 години затвор.
За време на Олимписките игри во Париз ќе бидат распоредени дури 75.000 полицајци и војници кои ќе се погрижат сѐ да помине без проблеми.