Уапсен Кобра, убиецот на Мартин Јанушев

/ 14.10.2019

Полицијата вечерва го уапси Филип Секуловски Кобра, убиец на Мартин Јанушев, кој пред две години беше убиен пред својот дом во скопската населба Аеродром.

Од МВР за Канал 5 информираат дека Филип Секуловски Кобра е веќе спроведен во затворот во Шутка.

Младиот фудбалер беше застрелан пред неговиот дом на 4. ноември  2017 , по што Секуловски беше во бегство. Дваесет и осум годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.


Од истата категорија