При гранична контрола за влез во Бугарија од Македонија, приведен е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија по информација на бугарското Министерство за внатрешни работи.
-Приведениот македонски државјанин се бара од 2020 година од бугарските власти и тоа нема никаква врска со денешното отворање на македонскиот клуб во Благоевград, објаснуваат за МИА од бугарското МВР.
Уапсениот не бил баран од Интерпол, неофицијално коментираат за МИА од граничната полиција на Бугарија.
Неофицијално станува збор за Иван Соколов од Делчево, информира Атанас Кирјаков од ОМО Илинден од Благоевград (Горна Џумаја).
– Денеска од медиумите разбравме дека на границата кај с. Логодаш од бугарските власти биле задржани двајца Македонци. Едниот Македонец бил ослободен да си оди. Другиот Македонец е уапсен и со лисици на раце е одведен во Софија. Задржаното лице не е барано од Интерпол и нема врска со денешните настани по отварането на македонксиот клуб во Благоевград. ОМО Илинден од Благоевград разбравме дека задржаното лице е Иван Соколов од Делчево , Република Македонија. Соколов е еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ во 1990 г. и беше на високи функции во партијата. Моментално е во Софија. Не се знае кога ќе биде ослободен, напиша Кирјаков на својот профил на Фејсбук.