Мигрантка од Јордан била уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ повеќе стотини лица, пишува весникот „Блиц“.
Полицајци ја нашла 38-годишната мигрантка Фатима, како е именувана во српските медиуми, на улица во Белград и кога се обиделе да и напишат казна за проституција, таа немала пари за да плати и била приведена.
Фатима била барана од полицијата откако било откриено дека во последните десетина дена нудела сексуални услуги за пари во Белград. Се верува дека мигрантката е заразена со ХИВ, а во последниве денови изложила на опасност неколку лица.