Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Хелсинки на 16 јули, објавија Белата куќа и Кремљ во синхронизирани соопштенија.

Трамп вчера изјави дека ќе се сретне со Путин по Самитот на НАТО во Брисел, што ќе се одржи на 11 и 12 јули.

Тој наведе дека со Путин ќе разговараат за војната во Сирија и ситуацијата во Украина. Американскиот претседател претходно изјави дека сака подобри односи со Русија.

Последната средба Трамп – Путин беше на маргините на Азиско-пацифичкиот самит во Виетнам во ноември минатата година.