По долгогодишна битка со неплодноста, ден пред празникот Василица, 52- годишна Македонка на свет ја донесе Јана. Бебето е најновиот член на нашето големо семејство, која е родена со царски рез, со тежина од 2.600 грама, информираат од Болницата Плодност во Битола.
– Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во пракса, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на ИВФ постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај. Наскоро, очекуваме пациентка на 53 годишна возраст, која исто така забремени по пат на ИВФ, да се породи во нашата болница. Со ова, уште еднаш докажуваме дека упорноста и желбата на мајките да донесат на свет свое новороденче е поголема и посилна од се, а нашиот стручен тим се вложува до максимум, за да ја реализира таа нивна желба, вели прим. д-р Таше Трпчевски.
Тој е шеф на, според реализација, најдобриот ИВФ тим во Македонија.