Убиецот на Мартин Јанушев призна вина и доби 9 години и 4 месеци затворска казна. Пресудата за Филип Секуловски – Кобра беше изречена денеска во Кривичниот суд откако тој го признал делото уште на стартот на судењето.
По ова судот воопшто и не се впуштил во доказната постапка туку веднаш само ги ценел околностите кои можат да бидат олеснителни или отежителни.
Убиството на Јанушев се случи на 3 ноември 207 та година, пред зградата во Аеродром каде живееше момчето, а веднаш откако го стори делото Секуловски побегна.
Во бегство беше речиси две години, по што сам се пријави и е се уште е во притвор.
Убиството се случи додека беше на викенд од одслужување на друга затворска казна.