Политичарка од Њу Џерси беше застрелана во средата во близина на нејзиниот дом, а ФБИ ја истражува нејзината смрт.
Полицијата ја пронашла Јунис Двамфор (30) во автомобилот со неколку прострелни рани. На местото на настанот била констатирана смрт.
Соседите изјавија за вестите на ЦНС дека слушнале четири истрели двапати. Откако Двамфор била застрелана, нејзиното возило се лизнало по ридот и удрило во паркирани автомобили.
Кога погледнале од каде доаѓаат звуците, виделе како некој трча кон блиската шума, рекол соседот, пренесуваат медиумите.
Полицијата за неколку минути пристигнала на местото на настанот и се обидувала да го скрши стаклото од автомобилот.
Според друг очевидец, очигледно бил заклучен. Сведоците рекоа дека виделе лице кое носи качулка како трча меѓу две згради и прескокнува ограда.
Полицијата ја прочешла шумската област во близина на станбениот комплекс во кој живеела Јунис Двамфор.
Обвинителката Јоланда Чиконе наведува дека се чини дека политичките ставови на жртвата не биле мотивот за убиството.
Детективите го пронашле телефонот на жртвата на местото на убиството. Како што рекоа, тие ги истражуваат личните, професионалните и верските аспекти од животот на жртвата.
Двамфор се сметаше за ѕвезда во подем во Републиканската партија,пренесе Телеграф.рс.