Ние знаеме како да ги одвратиме нашите противници. Искрено, администрацијата на Трамп го стори тоа. За време на нашиот мандат, Путин не ја нападна Европа или Украина. Да, тоа е неиспровоциран напад врз Европа. Путин е единствениот одговорен за тоа. Но, овие работи не се случуваат во вакуум, рече Мајкл Помпео.

– Непријателите одлучуваат кога да нападнат. Владимир Путин секогаш сакал поголема Русија. Тој ќе оди на својот гроб сакајќи поголема Русија. Еве неколку факти, во 2014 година, за време на Обама, Путин зеде петтина од Украина. По четири години. тој не зеде ни педа; се бореше покрај Донбас, но не започна инвазија, додаде тој.

Кога заминавме, додаде Помпео, тој повторно тргна во акција.

– Тоа е несомнено, тоа се фактите. Може да се расправате дали е случајно, но Путин не се промени во тој период. Неговите намери беа исти. Она што се промени е неговата перцепција за ризикот и тоа се менува во зависност од претседателот, заклучи Помпео.