По голема потера во Индија убиена е тигрица која наводно убила 13 луѓе и која не можела да одолее на машккиот парфем на Келвин Клајн, „Обсешн“, јави Би-Би-Си.
Ловот на тигрицата во западната држава Махараштра траел скоро две години, а ловците користеле таков парфем за да ја намамат.
Би-Би-Си објаснува дека во составот на тој парфем меѓу останатите се наоѓа и феромон цибетка, мачколико животно од среден раст.
Индиските ловци одлучиле да се послужат со тој парфем за да ја намамат откако американски научници го користеле тој парфем за да намамат јагуари.
Во последните две години таа убила 10 луѓе и повеќе од 5.000 жители од тие подрачја во кои се движела живееле во страв.