Во напад во парк во Киев денеска е убиена жена, која била вработена во американската Амбасада во Украина, а полицијата трага по маж осомничен за нападот, соопшти украинската полиција.

Британските медиуми, повикувајќи се на првични сознанија на полицијата,  јавуваат дека жената имала повреда на главата и дека ја пронашол случаен минувач, на улица во непосредна близина на паркот во центарот на градот.

Украинскиот министер за внатрешни работи, Артем Шевченко, на Твитер попладнево напиша дека „убиството на жената вработена во американската Амбасада во Киев може да биде злосторство или инцидент“.

На полицијата и било соопштено дека жената е претепана и дека се претпоставува дека сторителот е темнокос маж на возраст од 30 до 40 години, облечен во темни кратки пантолони и маица.

„Жената беше примена во болница во бесознание, а подоцна таму ни почина. При прегледот на предметите на жртвата, на нејзино име е пронајдена идентификациска картичка дека е службеничка на американската Амбасада “, соопшти полицијата на Фејсбук.