Седумнаесетгодишно момче го загуби животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник.

Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.

Полицијата  го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случај.

Откриен идентитетот на убиеното момче: Кошаркар на МЗТ Скопје

Седумнаесет годишниот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер, пренесува Спорт 1.

Инаку, тепачката се случила синоќа после полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија во која 18-годишникот го избодел кошаркарот на МЗТ Скопје.

Настраданото момче со брза помош итно било префрлено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за да му биде укажана лекарска помош, но таму им подлегнал на повредите.

Напаѓачот бил брзо пронајден и приведен, а од полицијата објавија дека сега работат на расчистување на случајот.