Триесет и осумгодишен скопјанец е пронајден мртов покрај возило „пасат“ на улицата „Шарпланинска“ во населбата „Даме Груев“. Случајот во полиција е пријавен вчера во 21:38 часот.
Полициски службеници и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција. Утврдено е дека делото е извршено со огнено оружје.
За случајот е приведено едно лице за кое, како што информираат од Основното јавно обвинителство во Скопје, се уште се прават проверки за неговата директна поврзаност со настанот.
Автомобилот, сопственост на Д.Н. (65), е подигнат и врз него утрово се врши детална крим-техничка обработка.