Таман што министерот Јетон Шаќири се пофали дека децата ќе добијата учебници како „новогодишен подарок“, откако речиси цело полугодие го минаа без книги, на социјалните мрежи се рашири фотографија од новиот учебник по „Историја и општество“ за 5 одделение.

Од фотографијата може да се види дека децата ќе треба да учат оти на запад Македонија се граничи со Бугарија, а на исток со Албанија.

Ако официјално се потврди дека оваа катастрофална грешка во учебникот, без кој децата поминаа половина учебна година, некој ќе треба не само да одговара, туку и да ја надомести штетата за печатените примероци.