Учителката Кери Бремер (52) никогаш не се двоумела што да прави откако мајка му на Џејк Менинг почина од рак на дојка.

Таа вели дека во својот ученик, кој сега има 14 години, „се заљбила на прв поглед“.

„Џејк има Даунов синдром и ги сака сите околу себе. Тој е паметен и забавен”, го фали Кери момчето, на кое му подари покрив над главата, дом полн со љубов и браќа и сестри.

Имено, Кери и нејзиниот сопруг Дејвид имаат уште три деца: 21-годишната Кристен, 19-годишниот Џонатан и 16-годишната Кејтлин.

Штом мајката на Џејк дознлаа дека има рак на дојка, таа се погрижила Кери и Дејвид да станат негови ангели чувари.
Таа почина на 13 ноември, а Џејк тогаш трајно се пресели во домот на семејството Бремер.

Прилагодувањето брзо помина затоа што Џејк претходно ги поминуваше викендите во нивниот дом.

„Му бевме потребни, а искрено, и тој ни требаше нас, затоа што тој совршено се вклопи во нашето семејство“, додава Кери.