Неверојатниот погодок на Герет Бејл за 2:1 во финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул остана на второ место на листата за „Гол на сезоната“ во Лигата на шампионите. Првата позиција е за погодокот на Кристијано Роналдо со задни ножички во натпреварот помеѓу Јувентус и „белите“ од четвртфиналето.

Изборот не е на навивачите, туку на 6-член Комитет од технички набљудувачи при УЕФА, меѓу кои е и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, поранешниот тренер на Вердер Бремен, Томас Шаф, некогашниот играч на Интер, Кристијан Киву и др.

На трето место е голот на Гонзало Игуаин (Јувентус) од волеј против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналето.

Топ 10 голови во сезоната 2017/2018 во ЛШ според УЕФА:

1. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) против Јувентус во четвртфиналето

2. Герет Бејл (Реал Мадрид) против Ливерпул во финалето

3. Гонзало Игуаин (Јувентус) против Тотенхем во осминафиналето

4. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) против Рома во групната фаза

5. Един Џеко (Рома) против Челзи во групната фаза

6. Герет Бејл (Реал Мадрид) против Борусија Дортмунд во групната фаза

7. Фред (Шахтјор Доњецк) против Рома во осминафиналето

8. Кевин де Брујн(Манчестер Сити) против Шахтјор во групната фаза

9. Лоренцо Инсиње (Наполи) против Шахтјор во групната фаза

10. Кристијано Роналдо (Реал мадрид) против Борусија Дортмунд во групната фаза.