Македонскиот судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот во групната фаза од Лигата на Европа меѓу Ференцварош и ЦСКА, објавено е на веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот во Х-групата ќе се одржи на 7 ноември во Будимпешта.

На Ставрев ќе му помагаат Маријан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Димитар Мечкароски.