Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно.

На места ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. На места ќе има и услови за појава и на град, особено во источните делови.

Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег.

Минималната температурата ќе биде 5 степени Целзиусови, а максималната до 22 степена.