Облачно време со врнежи од дожд и снег на планините и на повисоките места каде ќе се формира и нова снежна покривка најавува Управата за хидрометеоролошки работи од понеделник во вечерните и ноќните часови.
Според УХМР, промената на времето под влијание на влажен и студен бран ќе услови пад на температурите.
– Во понеделник во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање, најави УХМР.
Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.
Како што информираше претходно УХМР, утре и в понеделеник ќе се задржи стабилно и топло врме со мала доумерена облачност и со умерене ветер претежно од западане правец. Максималните температури ќе достигнат до 24, односно до 23 степени, а по промената в понеделеник во вторник ќе изнесуваат максимум 12 степени.