Во Берово утрово е најстудено со измерени – 6 степени и снежна покривка од 1 сантиметар, додека во Гевгелија се измерени 5 степени Целзиусови.
Утрово -5 степени се измерени на Попова Шапка, -3 во Лазарополе, -2 степени Целзиусови во Маврови Анови, Крушево и Крива Паланка, -1 степени во Скопје-Петровец, Тетово и Штип, 1 степен во Струмица, Битола, Демир Капија и Куманово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Кавадарци и Виница, 3 Велес и 4 степени во Претор и Охрид.
УХМР информира дека во изминатите 24 часа до 08 часот утрово најмногу дожд со 2 литри на метар квадратен наврнал во Скопје-Петровец, 1 во Кавадарци и во Велес, а во останатите места под 1 литар на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.