Променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури и повремени врнежи дожд, најавува УХМР за наредните денови.

Кон крајот на оваа и почетокот на идната недела, како што соопшти, локално  ќе  има  појава  на  нестабилна облачност  со  пороен  дожд  и  грмежи.  Ќе  дува и умерен, повремено  засилен  ветер  од  југоисточен правец.

Од четврток до недела најниските утрински температури ќе се спуштат до еден степен, а максималните ќе достигнат 22.