До вторник во Македонија ќе се задржи сончево и топло време.
В среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд, соопшти УХМР.
Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.