Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.

До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд, информира УХМР.

Најниска температура утрово е измерена во Берово, -6 степени. Минусни температури се измерени и на Попова Шапка, Лазарополе, Mаврови Анови и во Битола (-3), -2 степена во Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Претор и Гевгелија.

Како што информира УХМР, 0 степени утрово се измерени во Прилеп, Скопје – Петровец, Тетово, Демир Капија, Охрид и Велес, 1 степен во Кавадарци, Скопје – Зајчев Рид, Штип и Куманово и 2 степена во Виница.

Во изминатите 24 часа, три литри на квадратен метар врнежи и 65 сантиметри снежна покривка се измерени на Попова Шапка, количество од 1 литар на квадратен метар врнежи се измерени во Тетово и Пожаране.

Фото: архива