Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи, претежно од снег, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најниската температура во текот на утрешниот ден се очекува да достигне минус шест степени Целзиусови. Според најавата, 11 степени Целзиусови се предвидува да достигне максималната температура во Гевгелија.

Во Скопје во текот на утрешниот ден се прогнозира температурата да достигне максимум осум степени Целзиусови.

Фото: МИА архива, УХМР