Седум пати пониско од просекот за ноември е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Драстично намалени се и нивоата на Сатеска кај Ботун, Црна Река кај Р.Б. Мост, Струмица кај Ново Село, Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Пелинце.

Само водостојот на Вардар кај Скопје е над ноемврискиот просек.

Промени се регистрирани и кај езерата. Дојранското покажува извесно зголемување, а Преспанското намалување.