Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето.
Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.