Украинската армија гранатираше предградија на Доњецк, изјави претставникот на самопрогласената Народна Република Донецк во заедничкиот центар за контрола и координација на режимот на прекин на огнот.
– Во гранатирањето на украинската армија утрово, беа оштетени шест куќи и далновод во Старомихајловка, рече претставникот на ДНР.
Тој потенцираше дека, според прелиминарните податоци, во нападот никој не е повреден и оти сите жители имаат електрична енергија.
Во април 2014 година украинските власти почнаа воена операција против Доњецката и Луганската народна република, кои прогласија независност по пучот во Украина во февруари 2014 година. Киев не ги признава ДНР и ЛНР и смета дека териториите на овие две републики се окупирани, а востаничките сили дека се терористички.