Украинскиот министер за одбрана се надева дека ќе вооружи милион борци додека земјата се подготвува за „нова, долга фаза на војна“.

Олексеј Резников во објава на Фејсбук истакна дека Украина „ќе треба внимателно да ги планира ресурсите и да избегне грешки за да победи во војната“. Веќе, рече тој, Русија претрпе стратешки пораз. Тој вели дека Украина ја чекаат многу тешки недели.

„Никој не може точно да каже колку недели. Во тој период ќе се браниме првенствено со свои средства од непријателот полуден од бес“, напиша тој.