Украинските власти денеска објавија дека имаат докази за вмешаноста на Русија во големиот кибер напад што ги погоди сајтовите на владата на оваа земја пред три дена.
„Досега сите докази укажуваат дека Русија стои зад кибер нападот“, соопшти украинското Министерство за дигитална трансформација.
Саботажата е „манифестација на хибридната војна што Русија ја води против Украина од 2014 година“, соопшти министерството.
Целта на нападот не е само да се заплаши украинското општество, туку и да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се намали довербата на Украинците во владата, наведува истиот извор.
Кибер нападот беше извршен ноќта меѓу четвртокот и петокот и ги погоди локациите на неколку украински министерства, што беа недостапни неколку часа.
Москва ги негираше кибер нападите врз Украина.