Украински контролори пуштиле руски авион во воздушниот простор на земјата и покрај постоечката забрана, со цел да се спречи трагедија, се наведува во објавата на официјалната страница на „Украерорух“ на Фејсбук.
Авион на руската авиокомпанија „Глобус“ Боинг 738 REG-VKuBMG, летал од Бари кон Москва. Пилотот за да спречи несреќа поради лошите временски услови, добил дозвола за користење на воздушниот простор на Украина, во кој се наоѓал 26 минути.
„Украерорух“ соопшти дека контролорите на лет работеле во рамки на меѓународните стандарди ИКАО и врз основа на одлуката на Советот за безбедност на летови при Државната воздухопловна служба на Украина од 2 декември 2015 година.
Во Украина од 2015 година во сила е забрана за влез на руски авиокомпании во воздушниот простор на земјата. Во октомври истата година, Федералната агенција за воздушен сообраќај на Русија воведе контрамерки, целосно забранувајќи им на украинските авио превозници да летаат над територијата на Русија.