Украинскиот премиер Олексеј Хончарук по вторпат за кусо време наводно поднел оставка, а сега заради извештаите дека претседателот Володимир Зеленски подготвува негова смена од функцијата, објави украинскиот медиум НВ.

Хончарук одби да даде коментар на веста, јавија британските медиуми.

Зеленски за среда свика посебна седница на парламентот, за која украинските медиуми наведуваат дека би можела да ја вклучи и расправата за промени во структурата на владата.

Смената на Хончарук доаѓа во време кога довербата во владата на Зеленски е во значителен пад.

Поранешниот актер и комичар лани оствари голема победа на изборите ветувајќи завршување на војната во Донбас и дека ќе се бори против корупцијата, пренесе Фена. .

Заменик премиерот Денис Шмигал можно е да стане вршител на должноста премиер доколку не се пронајде трајна замена, пишува НВ.

Хончарук минатата недела негираше дека поднел оставка или дека разговарал со Зеленски за своето заминување од владата, но се наоѓа под надзор откако во јануари беше објавена снимка која сугерираше дека на негитивен начин зборува за Зеленски.

Реконструкцијата на владата доаѓа во момент кога Украина се обидува да добие милијарди долари во кредити од ММФ, што се условени од напредокот на земјата во однос на постигнатите реформи и решавањето на проблемите.