Неколку летови се одложени на меѓународниот аеродром во украинскиот град Лавов откако патнички авион на „Туркиш ерлајнс“ излета од пистата додека се подготвуваше да полета кон Истанбул.
Во соопштението од аеродромот се наведува дека ниту еден од 59-те патници и шестте членови на екипажот не се повредени во инцидентот.
Исто така се наведува дека не е причинета поголема штета на авионот.
Поради инцидентот, кој се случи утрово во 8 часот и 30 минути, одложени се летовите кон Турција, Полска, Германија, Италија, Египет и Велика Британија.
– Аеродромот ги прави сите напори за наскоро да продолжи со работа, се наведува во соопштението.