Украинското Министерство за надворешни работи го прогласи унгарскиот конзул во градот Берегово за „персона нон грата“ и му даде рок од 72 часа да ја напушти земјата.
– Се надеваме дека унгарската страна во иднина ќе се воздржи од непријателски чекори кон Украина и нејзините официјални претставници нема да ги кршат украинските законо, се наведува во соопштението на Министерството.
Украина е незадоволна бидејќи Унгарија издава свои пасоши на припадници на унгарската заедница во таа земја.