Главната новогодишна елка на Украина се запали на плоштадот Софија во Киев, за време на свечената церемонија на палење на декоративните светилки, пренесуваат локалните медиуми.

Според соопштението на Државната служба за вонредни ситуации, пожарот бил брзо изгаснат.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како луѓето гаснат голем пламен со своите апарати, како и облак чад кој се издига над елката.

Според украинскиот портал „strana.ua“ пожарот избил откако почнала почесната стрелба, при што еден од истрелите бил насочен кон земја, наместо кон небо.

Прво се запалила декоративната панделка на елката, а потоа огнот се проширил.

Никој од присутните не е повреден.