Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски денеска ги демантираше наводите дека е во тек размена на заробеници со Русија.
Претходно, украинскиот јавен обвинител на Фејсбук објави дека украински затвореници, меѓу кои и морнари и филмскиот режисер Олег Сенцов, патуваат со авион за Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија.
– Размената е завршена: морнари, Сенцов, Карпук, Балух, Гриб летаат дома, напиша пратеничката Ана Исламова под постот на украинскиот главен обвинител.
Едно од предизборните ветувања на Зеленски беше ослободување на притворените Украинци во Русија.