Украинските сили и руската армија водат интензивни борби во речиси целиот окупиран регион Херсон, на југот на Украина, соопшти денеска украинското претседателство, пренесе Бета.

И вчера и во текот на ноќта во Херсонската област одекнуваа силни експлозии.

– Тешки борби се водат на речиси целата територија на регионот, соопшти претседателството на утринскиот брифинг.

Оттаму се додава дека украинските војници почнале со офанзивни акции во различни правци.