Украинската армија напредува на јужниот фронт и „систематски го поместува непријателот од неговите позиции“, изјави денеска украинскиот генерал Олександер Тарнавски.
Генералот Тарнавски напиша на Телеграм дека руските сили изгубиле 200 војници во рок од 24 часа.
Неговите коментари следат откако украинските воени аналитичари сугерираа дека не е лесно за украинските сили да напредуваат кон југ.
Киев се фокусираше на заземање села на југоисток кон Азовското Море и области во близина на источниот град Бахмут, кој руските сили го зазедоа во мај по неколкумесечни интензивни борби.
Руски извори велат дека нивните сили ги одбиле украинските напади во источниот регион на Доњецк, вклучувајќи ја и областа околу Бахмут.